Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонската црква ја прифати поканата на Српската црква за заедничка литургија

/

пред 1600 дена

Сподели преку :

Поглаварот на Македонската православна црква, господин господин Стефан и тројцата највозрасни митрополити патуваат за Белград, на заедничка литургија со српскиот патријарх Порфириј и српските архиереи.

Оваа одлука ја донесе Светиот синод на МПЦ на вонредна седница, прифаќајќи ја поканата од СПЦ.

Владиката Тимотеј очекува до крајот на месецот да се заокружи постапката со нашето барање автокефалност, како предлог на Српската црква и со согласност на сите православни цркви.

На 9-ти мај Вселенската патријаршија ја призна каноничноста на МПЦ-ОА, со што, по 55 години, македонското свештенство доби можност да има заеднички служби со другите православни цркви.

Пред два дена, Српската православна црква соопшти дека го обновува канонското единство со Македонската црква-Охридска архиепископија и признава статус на најширока автономија.

Од МПЦ тврдат дека во барањето автокефалност никогаш не се се откажале од  Македонска во името на нашата црква.

Соња Николовска