Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Речиси 90 000 работници се уште ја чекаат априлската плата – меѓу нив и луѓето кои работат за минималец

/

пред 1600 дена

Сподели преку :

Речиси 90 илјади работници се уште ја чекаат априлската плата, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

Во оваа бројка влегуваат и оние кои работата за минималец од 18 ијлади денари.

Дел од работодавачите доцнат затоа што аплицирале за субвенции за минимална плата и се уште ја чекаат државната помош, кај дел  причините се други основи.

Состојбата со платите во март е  нешто подобра. За овој месец над 7.000 работници чекаат да добијат плата за тоа што го сработиле.

Од УЈП веќе ги опоменале овие работодавачи и ако не си ја исполнат законската обврска во утврдените рокови,  ќе им бидат блокирани сметките.

Од УЈП  ги образложија и резултатите од направените конотрли кај трговци во изминатиот период.

Кај три ланци на маркети  е евидентиран кусок од околу 70 милиони денари, по основ на продадена,  а не евидентиран роба.

„Кај еден од маркетите контрола е извршена на 21. 22. март со 82 деловни единици, односно маркети и магацини. Констатиран е кусок од 36 милиони денари, понатаму ќе има и други анализи. На сите три деловни субјекти од страна на УЈП ќе им се наплатат околу 15 милиони денари по два основи (персоналец и ДДВ).“ велат од УЈП.

И покрај  проблемите  со кои се соочуваат  фирмите поради глобалната криза, од УЈП увериуваат дека наплатата на даноците оди добро.

Зголемување на наплатат има кај данокот на добивка, кај персоналецот но и кај ДДВ-то.

Ирена Чачкова