Пандемијата со Ковид – 19 не ги спречи граѓаните да даруваат крв, на празничната крводарителска акција.
Акцијата почна во девет часот, и за само неколку часа, повеќе од сто граѓани даруваа крв. Сите крводарители мораа да носат маски, да ги дезинфицираат рацете пред пунктот, и да им се измери температура.
Оваа година покрај стандардната анкета за крводарители, се пополнува и епидемиолошки прашалник. Тестирање за корона вирусот не е задолжително пред дарувањето крв.











