Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон: Да се поттикнат Бугарија и Северна Македонија брзо да продолжат со дијалогот за спорот

/

пред 1600 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател во обид да поттикне дијалог меѓу Скопје и Софија, попладнево телефонски разговарал со премиерот Димитар Ковачевски. Од владиниот кабинет информираат дека двајцата се согласиле дека нема време за губење, затоа што понатамошното одложување може да има сериозни регионални последици и зголемено влијание на трети страни во регионот, поради што проширувањето на ЕУ со Западен Балкан го прави сериозно безбедносно прашање.

Елисејската палата објави кратко соопштение по телефонскиот разговор на претседателот Емануел Макрон, кој последователно разговараше со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со бугарскиот премиер Кирил Петков.

Целта на овие три разговори, додека Франција претседава со Советот на Европската Унија, беше да се поттикнат овие две земји брзо да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив, се додава во соопштението.

-Претседателот на Француската републиката потсети на неговата приврзаност кон европската перспектива на Западен Балкан, особено во контекст на дестабилизација низ која поминува европскиот континент, стои во краткото соопштение.