Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петков го повика Радев да свика Совет за национална безбедност за преговорите со Северна Македонија

/

пред 1598 дена

Сподели преку :

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Петков рече дека бугарската влада нема да направи ништо без широка национална согласност и усогласено со коалицискиот договор на владејачката коалиција во земјата.

Петков рече дека во Консултативниот совет за национална безбедност треба да учествуваат сите партии, сите служби и претседателскиот кабинет и го повика Министерството за надворешни работи да достави извештај за состојбата на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој побара за овој извештај да се расправа и на редовниот коалициски совет следната недела.

Бугарскиот премиер потврди дека владата нема да направи ништо врз основа на надворешен притисок и пред целосно разбирање на ниво на коалициски совет, длабока дискусија во Консултативниот совет за национална безбедност и јасен и потврден став на највисокото тело во бугарскиот парламент.

Според премиерот Петков, конечниот легитимен мандат на темата Северна Македонија го има единствено Народното собрание на Бугарија и, како што рече,  тоа треба да биде апсолутно јасно на целото бугарско општество и на надворешните партнери на земјата.