Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албанес е новиот премиер на Австралија, по една деценија на власт доаѓаат лабуристите

/

пред 1597 дена

Сподели преку :

Лабуристите ќе ја формираат следната влада во Австралија откако владејачката либерално-националната коалиција не успеа да освои доволно пратенички места. Сепак, првите резултати покажуваат дека им недостасуваат 4 места во парламентoт со 151 место, за да имаат мнозинство, и по се изгледа дека ќе мораат да формираат коалиција со некоја од помалите партии.

Ентони Албанес ќе биде новиот премиер на земјата кој ќе ја води првата лабуристичка влада по речиси една деценија, а актуелниот премиер Скот Морисон ќе биде сменет. Според првичните резултати добри резултати на изборите постигнаа и независните кандидати, во услови на јавно незадоволство од двете големи партии

Зголемените трошоци за живот и климатските промени доминираа на овие избори како две клучни прашања за гласачите.