Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

28 повредени во пожарот во Старата скопска чаршија, девет се задржани во болница

/

пред 1597 дена

Сподели преку :

За влакно е избегната поголема трагедија во Старата скопска чаршија. Брзата реакција на противпожарната едниница, спречила огнот да  се прошири во целиот објект и да ги зафати околните. Десетици луѓе вдишале чад, дел завршиле во болница, останатите по уакажаната помош се пуштени дома.

Пожарот се случил во хотел „Буши“ во поладневните часови, а според информациите од противпожарната служба, тој избил на неколку места. Чад и скршени стакла, низ кои гостите бегале од огнот.

Во турканиците, 70тина завршиле со повреди. Лекарите интервенирале кај 28 луѓе, на 19 им била пружена медицинска помош на лице место, а 9 завршиле во болница. Шестмина се на Токсикологија, а другите тројца во градската болница „8ми септември“, информираат за Телма од Брзата помош. Настрадале и тројца пожарникари.