Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинетиот советник Нефи Усеини го „шеташе“ министерот Крешник Бектеши, а има заедничка фотографија од објект поврзан со дивоградба

/

пред 1596 дена

Сподели преку :

Министерот за економија Крешник Бектеши за сопствен домаќин во Охрид го избра Нефи Усеини, контроверзен бизнисмен за кого има обвинение за напад со пиштол и истраги за две дивоградби.

Нефи Усеини го прошета министерот по градот, а Бектеши беше гостин и во неговата пицерија за која пред повеќе години беше отворена постапка за дивоградба на терасата на објектот.

Бектеши беше во Охрид и во Струга за да ја промовира новата мерка и законска измена со која во туристичките региони ќе се релаксира правилото за недела работен ден. Изјавата ја даде во присуство на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Фотографиите на Бектеши со Нефи Усеини ги објави самиот министер на својот службен ФБ профил.

Усеини и на последните локални избори беше избран за советник во Охрид од ДУИ, а според веб сајтот на општината, усеини е член на општинската статутарно-правна комисија и на Комисијата за заштита на животната средина. Дел од објектите дивоградби на Нефи Усеини всушност беше псоочена од локалните еколози за негативно еколошко влијание врз животната средина и живиот свет во охридскиот регион.