Во Словенија е потврден првиот случај на мајмунски сипаници. Станува збор за маж кој се вратил од Канарските Острови.
Пациентот не бил хоспитализиран на Инфективната клиника на Универзитетскиот медицински центар Љубљана и веројатно може да се констатира дека се работи за полесна форма на болеста. Словенечкиот национален институт за јавно здравје се очекува денеска да објави повеќе информации.











