По повод признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со честитка се огласи и групата од осумте пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои во 2018 година гласаа за уставните промени, односно за промена на уставното име на земјава, од каде посочуваат оти сите тие кои гласале „за“ Преспанскиот договор имаат удел во она што се случува денес, додавајќи оти за вакви победи вредела секоја жртва.
Оттаму ја честитаат одлуката за автокефалност на МПЦ-ОА и велат оти сите тие кои гласале „за“ Преспанскиот договор имаат удел во она што се случува денес, додавајќи оти за вакви победи вредела секоја жртва.
Почитувани граѓани, во име на поранешната независна група, од срце Ви ја честитаме значајната вест која денес одекна од Република Северна Македонија дека МПЦ-ОА добива афтокефалност. Овој сон конечно станува реалност и денешниот големпразник Св.Кирил и Методиј ќе го паметиме како историскиза православието и македонскиот идентитет.
Сите ние со гласот ЗА Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува денес и за вакви победи вредеше секоја жртва. Да се гледа кон иднината, не е секогаш едноставно, но само храбри одлуки носат промени кои биле долгогодишна желба. Само признаена држава, гордо и еднакво исправена до своите меѓународни партнери може да биде успешна приказна. Задоволство е што ставивме уште едно делче во мозаикот на македонските победи. Да ни се множат убави вести и заедно да им се радуваме, се вели во соопштението од Независната пратеничка група.











