Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зибери: Состојбата во затворите и натаму лоша, најкритична е здравствената заштита на затворениците

/

пред 1593 дена

Сподели преку :

Народниот правобранител Насер Зибери во гостување во рубриката „Да си кажеме“ во Утринската програма на Телма, вели дека најболно останува прашањето на здравствената заштита на затворениците.

„Во одредени затвори се соочуваме со пребројност. Затворот во Штип, затворот во Прилеп, одделни оддели во затворот во Идризово, и тоа со сериозни проблеми во однос на сместување. Слична е состојбата и во затворот во Скопје каде што имаме и притворско одделение. Но, најболно останува прашањето на здравствената заштита на затворениците. Здравствената заштита и покрај сите наши укажувања, и покрај посебните извештаи поднесени до министерствато како надлежен орган за изведување на здравствена заштита на затворениците, не постигнавме за жал подобрување на резултатите. Затворите се соочуваат со намален недостаток на кадар, лекари, медицински сестри, услови за работа, лекарства“, изјави Зибери.