Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата ја одобри продажбата на Челзи

/

пред 1593 дена

Сподели преку :

Само неколку часа откако челниците на Премиер лигата ја одобрија продажбата на Челзи, зелено светло за промена на сопственичката структура даде и британската влада.

Од денеска со клубот раководи конзорциум на чие чело е американскиот милијардер и сопственик на МЛБ тимот, Лос Анџелес Доџерс, Тод Боели, а негови партнери се неговиот сонародник Марк Волтер и Швајцарецот, Хансјорг Вајс.

Новите сопственици ќе платат сума од 4,25 милијарди фунти, а приходот од продажбата ќе биде уплатен на сметка која во моментов е замрзната и е под контрола на владата.

Според претходните одлуки парите од продажбата на Челзи ќе бидат искористени во хуманитарни цели како помош за Украина.