Советниците на СДСМ од Битола се сомневаат дека градоначалникот им ги прислушкува службените компјутери. Велат дека постои основано сомнение дека им е извршен упад во службените компјутери кои советниците ги добил од општината. Поднесена е кривична пријава и очекуваат обвинителството и МВР да го решат овој проблем.











