Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неколку експлозии го потресоа Авганистан; Исламска држава ја презеде одговорноста за три бомбашки напади на северот на земјата

/

пред 1592 дена

Сподели преку :

Серија експлозии одекнаа вчера во Авганистан, јави Асошиетед прес, повикувајќи се на Талибанците.

Во експлозија во џамија во Кабул загинаа пет верници, а во северниот дел на земјата, во градот Мазар-е-Шариф, беа разнесени три комбиња, при што загинаа девет лица кои патуваа во нив, а 15 беа повредени.

Групата Исламска држава во Хорасан ја презеде одговорноста за нападите врз автомобили наполнети со експлозив. Сите жртви во Мазар е Шариф се шиити.

Џамијата Хазрети Закарија била нападната во Кабул, соопшти полицијата.

Пет лица загинаа, а седумнаесет се повредени, соопштија болнички извори.

Не беше преземена одговорност за нападот, но исто така беше извршен на начин типичен за групата Исламска држава. Оваа организација работи во Авганистан од 2014 година и е најсериозната безбедносна закана со која се соочуваат Талибанците, новите владетели на Авганистан.