Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Ратка Димитрова виолинистка и пратеничка во првиот парламентарен состав

/

пред 2225 дена

Сподели преку :

На 80 годишна возраст , ненадејно почина Ратка Димитрова, долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и пратеничка од првиот парламентарен состав во независна Македонија.

Ратка Димитрова дипломираше на отсекот за виолина на Факултетот за музичка уметност во Љубљана, а магистрираше на конзерваториумот „ Петар Илич Чајковски“ во Москва. Таа долги години беше професор на отсекот за виолина на ФМУ, каде и се пензионира, а музицираше како концерт мајстор во Македонската филхармонија и имаше повеќе соло настапи. Со осамостојувањето на Македонија во 1991 година, Димитрова беше пратеничка во првиот парламентарен состав , од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а ја основаше и Унијата на жени при оваа партија.

Ратка Димитрова ќе остане запаметена и како критичар на власта, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски.

Таа беше сопруга на поранешниот министер за образование и наука и за култура, Димитар Димитров, и мајка на доскорашниот министер за надворешни работи и, според најавите, иден вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, доколку како што се очекува, денеска се изгласа новиот владин состав.

Датумот на погребот на Ратка Димитрова и комеморацијата за нејзиниот живот и дело дополнително ќе бидат соопштени.