Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кремљ сè уште размислува за нов напад врз Киев, велат извори на независна руска веб-страница

/

пред 1590 дена

Сподели преку :

Со оглед на руската офанзива во Донбас во Кремљ, повторно се појави надежта дека Москва може да „донесе победа“ на војната во Украина, според два извори блиски до Кремљ и еден од администрацијата, цитирани од руската независна веб-страница Медуза.

Според нив, се поалармантните изјави на украинските власти за борбите во Донбас се знак дека Киев таму го очекува голем пораз. И иако резултатите од акциите на руската армија не соодветствуваат со прелиминарните планови на Русија, Кремљ повторно разговара за можен нов напад врз главниот град на Украина, велат тие.

Во моментов, „минималната програма“ на Кремљ за прогласување победа е руските трупи да ги преземат целите региони Доњецк и Луганск. Сега под украинска контрола е околу 5% од територијата на Луганск и над 40% од регионот Доњецк. „Максимална програма“ останува освојувањето на Киев.

И највисокото раководство на Русија се уште не се откажало од таа цел. „Ние сепак ќе ги завршиме Украинците. Најверојатно, сè ќе биде готово до есен“, рече еден извор од Медуза.