Старите хотели во Дојран пропаѓаат, а заинтересираните инвеститотри се откажуваат од нив затоа што се ограничени во можностите за реконструкција. Тие се градени во заштитниот појас на езерото кое е Споменик на културата и со тоа им се оневозможува да ги модернизираат според свои замисли.
Градоначалникот Ангов вели дека е потребно да се најде решение затоа што не треба да се кочи развојот на туризмот. Решенијата за објектите да не го нарушуваат крајбрежјето но и да можат да се обновуваат и оспособуваат за гости.
Помеѓу објектите што стојат напуштени и го грдат крајбрежјето е некогашното риболовно претпријатие, но и детското одморалиште Титови пионери.
Дојранското езеро од 1977 година е заштитено како Споменик на природата, а од 2011 година управувањето со ова заштитено подрачје е доделено на општина Дојран.
Сузана Мицева











