Инвестирањето во фотоволтаични централи се попривлечно за компаниите. Голема заинтересираност има за парцели во општина Брвеница.
Градоначалникот Јовица Илиевски, вели дека се изработува урбанистички план за површина од околу 200 хектари во Гурурница, кои можат да се делат на помали парцели, по што ќе следи јавно наддавање. Во пределот на Стенче и Теново веќе има вакви инвестиции на 20 хектари, дополнително се откупени и 50 хекрати.
Електоинженерот и енергетичар Дарко Спировски вели фотонапонските централи, кои користат обновливи извори на енергија имаат огромен потенцијал, а дополнително се и одлична инвестиција.
Од Владата најавија дека веќе се работи на законско решение и подзаконски акти кои ќе овозможат олеснета постапка и процедури за поставување фотоволтаици, идентични со оние во западноевропските држави.
Данијела Билбилоска











