Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се трага по четворицата патници во авионот Цесна кој се урна кај Слуњ, Хрватска

/

пред 1589 дена

Сподели преку :

Припадниците на Хрватската планинска служба тргнале во потрага по авионот „цесна“ кој исчезна од радарот на поширокото подрачје на Слуњ.

Тамошните медиуми објавуваат дека во спортскиот авион имало четворица патници, кои биле  Унгарци, а од Сплит полетале кон Германија.

Во моментов на терен се припадници на хрватското МВР, на планинската спасувачка служба и беспилотни летала.

Карловачката полиција извести дека дојавата за исчезнувањето на авионот од радарот пристигнала во 11.25 часот.

Веднаш по пријавата, во потрагата на теренот се вклучиле и 34 полицајци, како и 28 припадници на хрватската планинска спасувачка служба.

Лошите временски услови оневозможуваат летање на хеликоптери, кои инаку би се користеле во потрагата. Во моментот на исчезнувањето на „Цесна“, времето било уште полошо.