Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Цесната која исчезна над Хрватска, патувале двајца Германци, Хрват и Швајцарец

/

пред 1589 дена

Сподели преку :

Пилотот на спортскиот авион „Цесна“, кој денеска исчезна од радарот по полетувањето од Сплит кон Германија, е швајцарски државјанин, додека двајца патници се германски државјани, а едно лице е хрватски државјанин, потврди полицијата.

Леталото се уште не е пронајдено, а потрагата по исклучително тешкиот предел продолжува.

Полицијата соопшти дека во потрагата учествуваат и припадници на специјалната и интервентната полиција.