Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за новиот предизвик, а тоа е настапот на новото издание од Лигата на нации на УЕФА.
Селекторот Благоја Милевски од утре на располагање ќе ги има сите повикани фудбалери и во следните денови подготовките ќе се одржуваат во полн состав.
Нашата селекција во Скопје ќе одржи уште два тренинга, а во вторник патува за Разград каде в четврток ќе го одигра дуелот со Бугарија.
ФОТО: Игор Паневски






















