Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот во „Македонија Табак“ и натаму беснее – апел до Тетовчани да не излегуваат од домовите заради густиот чад во градот

/

пред 1588 дена

Сподели преку :

Пожар избувна во поранешниот индустриски објект „Македонија Табак“ во Тетово. Според првичните информации, пожарот избил во магацинот на фабриката. Огнената стихија е огромна, а на помош на тетовските пожарникари се дојдени и од скопската пожарна а во операцијата на гаснењето учествува и полициски хеликоптери.

Засега не се познати причините за избувнување на пожарот, околу 9.30 минути наутро а за среќа нема повредени, известува дописничката на Телма од Тетово, Данијела Билбилоска.

Од магацините во комплексот на фабриката се вадат и повеќе материјали кои би можеле да се запалат и дополнително да ја засилат огнената стихија.

Но, чадот е толку голем што се апелира до граѓаните денеска и утре да не излегуваат непотребно од домовите, поради тоа што воздухот е загаден.

Прекината е наставата и во училиштата со цел децата да не бидат изложени на ризик.