Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО/ФОТО: Тетово во мрак од чадот, прекината за два дена наставата

/

пред 1588 дена

Сподели преку :

Густиот чад го прекрива небото над Тетово како последица од пожарот што избувна во складот на фабриката за пластика Пофикс кадешто горат табли стиропор.

На видеото објавено од Red Central production снимено со дрон камера се гледа како густ црн чад го прекрива небото над Охрид.

Локалните власти ја прекинаа наставата во училиштата додека се испитува штетноста на чадот од надлежните институции.

-Секторот за јавни дејности на Општина Тетово донесе одлука да прекине наставата во училиштата, а учениците да не престојуваат на отворен простор туку да се упатат во своите домови. Исто така апелираме до сите граѓани денеска и утре да останат во своите домови и без некоја поголема потреба да не излегуваат надвор. Со пожарникарите сме на терен и тие работат на гаснењето на огнот. Побаравме помош и од Општина Гостивар од нивната противпожарна единица како и од Град Скопје кои дојдоа да помогнат, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот на тетовската општина,

На лице место е и хеликоптер на МВР кој треба да помогне во гаснењето.

На фотографии на Red Central  на која се гледа дека поради чадот, половина од градот Тетово е во мрак.