Кој ја гради крос патеката, никој не знае, а од „О2 Инцијатива“ предупредуваат дека режимот на заштита на аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината.
„Поднесовме претставка до Управата за заштита на културно наследство, Инспекторатот на Град Скопје и Општина Карпош, Да видиме колку се почитува Одлуката за овој споменик како културно наследство од исклучително значење“ – велат од „О2 Иницијатива“.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство за Телма вели дека по укажувањето за незаконски работи во близина на Аквадуктот, веднаш испратил инспекција да ја провери ситуацијата на терен.
Аквадуктот кој веќе 60 години е ставен под заштата во одредени делови е пред распаѓање, тулите од столбовите паѓаат, во 2019 од Конзерваторскиот центар поднесоа пријава до непознат сторител бидејќи беа уништени 10 столбови, за што полицијата го чуваше за да не дојде до негово целосно уништување.
Во 2018 Владата обезбедени околу 18 илјади евра за изработка на проект за конзервација на Аквадуктот кој последен пат бил обновен по скопскиот земјотрес во 1963 година, кога биле поправени три лака и два столба што паднале од јачината на земјотресот.
Мартин Николовски











