Тетовчани утринава се разбудија чувствувајќи ја лошата миризба во воздухот предизвикана од вчерашниот пожар во фабриката кој по 10 часа беше ставен под контрола.
Податоците од министерството за животна средина велат дека нивото на канцерогените честички е значително зголемено.
Но, за тоа како е денеска во Тетово, ни јавува Данијела Билбилоска.











