Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врховната Рада му воведе 10-годишни санкции на рускиот патријарх Кирил, не откриваат за што

/

пред 1587 дена

Сподели преку :

Врховната Рада денеска гласаше за воведување 10-годишни санкции против поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил и другите претставници на РПЦ.

„Радата гласаше за воведување санкции на патријархот Кирил“, напиша Алексеј Гончаренко на Телеграм, не наведувајќи за што точно тие ќе се однесуваат. Одлуката на парламентот сега треба да се разгледува во Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

До Врховната Рада во април беше поднесен предлог нацртот за воведување санкции против претставниците на Руската православна црква.

И портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, не ја исклучи можноста САД да воведат санкции против поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил.