Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тутунарите ќе добијат субвенции

/

пред 1587 дена

Сподели преку :

Со 90 гласа „за“, Законот за земјоделство и рурален развој, едногласно беше изгласан во Собранието.

ВМРО ДПМНЕ посочи дека земјоделците заслужуваат подобар закон, дека државата има неподмирени обврски кон нив и неисплатени субвенции за изминатите три години.

СДСМ тврди дека тоа не е точно и дека три месеци опозицијата непотребно ја одолговлекувала собраниската процедура.

Деновиве, Министерството за земјоделство неколку пати апелираше пратениците да гласаат за овој закон, заради 20 илјади домаќинства кои живеат од тутунот.

Министерството гарантира дека парите за субвенции се обезбедени во буџетот и дека од утре Платежната агенција почнува со подготовка на решенијата.