Поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири останува во притвор, бидејќи Апелацискиот суд одби жалбата со која тој побара да биде пуштен да се брани од слобода и го потврди првостепеното решение за притвор.
Од судот појаснуваат дека гаранцијата што ја понудил Зеќири воопшто не била разгледувана бидејќи покрај опасноста за бегство притворот му е одреден и поради опасност од попречување на истрагата.
Зекири е е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања.











