Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс ги забранија пластичните кеси за еднократна употреба, јави ДПА.
Новите правила важат за сите пластични кеси кои се потенки од 35 микрометри.
Бизнисите кои продолжуваат да ги користат овие кеси ризикуваат казни кои се движат од 11.000 до 275.000 австралиски долари.











