Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сојузот на синдикати на УКИМ ќе протестира утре за повисоки плати

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

Сојузот на синдикати на УКИМ ги повика членовите наставници и ненаставници утре на протест пред ректоратот. Причина , како што стои во повикот е непотпишаниот Колективен договор од надлежните со кој се овозможува зголемување на платите. Од Синдикатот бараат пораст на платите за 25% секоја година, во следните 4, со оглед на ниските плати на кои се жалат . Тие за 16% од редовните професори изнесуваат 38 000 денари, асистентите  добиваат 26, а администрацијата на пример на Правниот факултет зема 23 000 денари. Од тука академската работа станува непривлечна, рекоа професорите кои вчера гостуваа во „ Топ Тема“.

Но, не се само примањата проблем. За наставниот кадар на УКИМ проблем е и недостатокот на финансии за научно- истражувачки проекти.

Министерот за образование Шаќири вели дека за барањата на СС на УКИМ очекува да разговара со репрезентативниот синдикат, но и смирува дека за нив се предвидени повисоки плати со ребалансот на буџетот и дека ќе ги добијат од септември.

Шаќири ги отфрла најавите за можен штрајк на Синдикатот на УКИМ без одржување на јунската испитна сесија за студентите , доколку не им бидат исполнети барањата, со образложение дека е против тоа зашто владата не кажала дека ја прекинува комуникацијата со нив.

Сотир Трајков