Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново невреме го погоди овчеполието, трето за една недела

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

Трето невреме во руралната општина Лозово, синоќа силен дожд и поплави ги зафати селата Милино и Ѓуземелци. Патот во должина од околу 300 метри не беше прооден поради наноси од кал. Екипите на комуналното претпријатие го чистеа,  кој води до село Ѓуземелци во кое живеат околу 20 тина жители.

Поради поројниот  дожд,  имаше оштетување и  неколку часа во  прекин беше  и електричната енергија во  селото Ѓуземелци.

Во Лозово за само една недела се случи трето невреме.  На 28 мај   град поголеми од орев  ги зафати населените места Лозово, Дурфулија и дел од Каратманово. Уништени беа лозовите и овошните насади ,пластениците под раноградинарски култири. Оштетени од градот и пробиени беа   азбестните покриви на куќите, настрадаа и голем број  автомобили, како и возниот парк на Општина Лозово.

Првото невреме  беше со силен ветер на 25 ма,ј штети имаше  на куќите и фирмите   во селата Милино, Сарамзалино, Дурфулија и Аџиматово, кои по неколку часа останаа без електрична енергија.

Советот на Општина Лозово  пред две дена  формираше две  Комисии за утврдување на штетите, кои се на терен. Помош од Владата ќе се бара откако ќе се утврди колкави се штети на земјоделските посеви. Вчера министерот за земјоделство, Николовски најави дека пари во буџетот има за исплата на штети од елементарни непогоди за земјоделците.

Викторија Јованова