Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велешанката Пале Илиоска останува на слобода и нема да одговара за убиството на сопругот, одлучи скопското вишо обвинителство

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

Велешанката Пале Илиоска да остане на слобода и да не одговара за обвинението за убиство на невенчаниот сопруг кој ја малтретирал подолго време, одлучи скопското вишо обвинителство кое како неоснована ја оцени жалбата на велешкото обвинителство по ослободителната пресида за Илиоска.

Илиоска со нож во гради успеа да се одбрани од насилниот невенчан сопруг кој вечерта на злосторството ја тепал и влечел за коса. Обвинителството ја гонеше за убиство во миг, но судот во Велес ја ослободи Пале од казна.

И покрај замерките на стручната јавност, велешкото обвинителство поднесе жалба на ослободителната пресуда, но вишото обвинителство смета дека таа е неоснована. Правосилната одлука треба да се потврди во скопскиот апелационен суд.