Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕВН ХОУМ го распиша тендерот за набавка на струја за домаќинствата, наскоро ќе  се знае и новата цена

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

ЕВН ХОУМ го објави тендерот  за набавка на струја  за потребите на  домаќинствата за периодот јули – декември  2022 година. Изборот  на компанија која што ќе понуди количини на  електрична енергија по најповолна  цена која ќе се врши  на 24 овој месец.

Законски, државните електрани треба да обезбедат 60 проценти од потребите на Универзалниот снабдувач од кој се снабдуваат домаќинства и мали потрошувачи.

Според методологијата од цената која ќе биде постигната на овој тендер најмногу ќе зависи, колку ќе плаќаат граѓаните до крајот на годината.

На претходниот тендер ЕСМ  успеа  да понуди 100 проценти од потребите на Универзалниот снабдувач,  по цена од 41 евро за мегават час – повисока од претходната која изнесуваше 36 евра за мегават.

Во меѓувреме регулаторна ги разгледува и пресметките на трошоците на енергетските компании  кои пристигнаа до нив.

Новата цена на струјата треба да се знае месецов, а да важи од први јули.