Познати се стартните постави на двете селекции за денешниот дуел во Разград. Во македонската репрезентација селекторот Благоја Милевски имаше само една дилема и мечот со Бугарите во средниот ред го почнува Стефан Спировски додека Боби Николов ќе чека шанса од клупата за резервни играчи.
Првиот натпревар од новото издание меѓу селекциите на Бугарија и Македонија почнува во 18 часот.











