Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ дипломатите го одобрија шестиот пакет санкции против Русија

/

пред 1584 дена

Сподели преку :

Дипломатите на Европската Унија најпосле дадоа одобрување за шестиот пакет санкции против Русија, поради инвазијата на Украина.

Санкциите вклучуваат делумна забрана на нафтата и го исклучуваат најголемиот руски заемодавач Сбербанк од меѓународната СВИФТ платформа.

Унгарија неколкупати ја блокираше потребната едногласност на сите 27 членки, поради свои национални барања, првенствено околу исклучоци од ембаргото за нафтата.

Неименуван дипломат вчера изјави дека  конечно е можен договор, откако останатите 26 земји, се согласија од црната листа на моќници под санкции од ЕУ, да се исклучи поглаварот на Руската православна црква и близок сојузник на Кремљ, патријархот Кирил, со цел да ја смират Будимпешта.

Се очекува договорот од утре да стапи во сила, доколку некоја членка не поднесе приговор.