Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Николов: Во катастрофални услови за игра и не може повеќе

/

пред 1582 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација ја продолжи триумфалната низа во меѓусебните соочувања со Гибралтар.

И овој меч како и на последното гостување забележавме победа од 2:0 со која и натаму остануваме во трка за првото место во групата.

“Ова е навистина катастрофа од стадион и терен. Тоа мора да го кажам, и кога на сета таа неквалитетна вештачка трева ќе се дополни и силниот ветер навистина беше тешко да се игра. Искрено не знам како дозволуваат да се игра тука. Но, за нас е најважно што дојдовме до трите бода па сега се фокусираме на натпреварите со Грузија и со Гибралтар во Скопје. Да, секогаш е задоволство кога ќе се постигне гол. Но, најмалку е важен стрелецот важно е да се редат победите. Во текот на мечот ја променивме формацијата, но за нас не се важни формациите во кои играме, затоа што сме спремни за секоја задача од селекторот и секогаш исполнуваме тоа што ќе каже селекторот. Така беше денеска, и ја исполнивме нашата цел”, рече стрелецот на вториот погодок за Македонија, Бобан Николов

ФОТО: Игор Паневски