Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петров си поднесе оставка, Иванов на клупата на следните два меча

/

пред 1582 дена

Сподели преку :

По дебаклот на дуелот против Грузија која на гостувањето во Разград ја совлада Бугарија со 5:2, селекторот Јасен Петров си поднесе неотповиклива оставка.

Петров на чело на националниот тим дојде во 2021 година и на 17 натпревари забележа само три победи, а во последните пет дуели има четири порази и само еден нерешен резултат и тоа оној против Македонија пред три дена.

Иако се уште нема официјална потврда на следните два меча во Лигата на нации, репрезентацијата ќе ја предводи техничкиот директор, Георги Иванов.

До крајот на овој циклус Бугарија треба да одигра два натпревари како гостин, а противници се Гибралтар и Грузија.

ФОТО: Игор Паневски