Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СОНК бара он-лајн наставa, средношколците излегуваат на протест за да се вратат назад на училиште

/

пред 2224 дена

Сподели преку :

Дел од училиштата немаат основни хигенски услови, пандемијата не е стивната, децата се најголеми преносители на вирусот – ова се аргументите на СОНК кои бараат училишната година да почна он – лајн.

Претседателот Јаким Неделков вели дека се загрижени за здравјето на наставниците и учениците и дека основците кои треба на први октомври да седнат во школските клупи нема да можат да ги почитуваат протоколите.

А инаку за средните училишта за кои се уште не се знае дали ќе се вратат назад на училиште или ќе следат настава од дома ,во тек се набавки на дезинфекциски средства .

За средношколците иако првично беше кажано дека ќе следат он – лајн настава  беше одлучено дека ќе се формира работна група од МОН и владини претсавници кои ќе ги разгледуваат барањата на директорите на средни училишта кои ќе сакаат да спроведат настава со физичко прсуство.

Сепак Сојузот на средношколци и по неколку состаноци со надлежните денеска ќе излезат на протест пред МОН.

Тие бараат во местата каде што има мал број на заразени со коронавирус да се отворат и средните училишта, онлајн настава да се следи само таму каде што има голем број на заразени од корона вирусот.

На месец пред официјалниот старт на учебната година во ек на пандемија на чело на МОН седна досгорешната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска. Таа на првиот ден од седнувањето во новата министерска фотелја изјави дека ставот на новата Влада е  учебната година на 1 октомври со комбиниран модел на настава.

Теодора Цветковска