Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чурлинов: Грузија е сериозен противник, веруваме во нашите квалитети

/

пред 1584 дена

Сподели преку :

Фудбалската репрезентација на Македонија в четврток против Грузија ќе го одигра можеби и клучниот натпревар за освојување на првата позиција во групата.

За да се исполни целта и да го освоиме првото место во групата кое води во повисок ранг од Лигата на нации и продолжување на битката за пласман на Европското првенство потребен ни е триумф во Скопје.

“Знаеме дека Грузија е сериозен противник, но ние веруваме во нашите квалитети. Ако ги исполниме задачите кои ни се зададени од селекторот мислам дека нема да имаме проблеми. Последните два натпревари беа друг тип. Не мислам дека нивото ни беше ниско, туку тие натпревари ги играш со позатворен противник и гледаш да земеш три бода. Наша цел е да завршиме на првото место. Во моментов размислуваме само на секој следен меч. Секој натпревар е клучен и мора да победиме на секој меч”, истакна Дарко Чурлинов.

ФОТО: Игор Паневски