Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грузија нов предизвик за македонските репрезентативци

/

пред 1583 дена

Сподели преку :

Во меч од третото коло во новото издание од Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 ја пречекува селекцијата на Грузија.

За нашиот национален тим ова ќе биде прв натпревар на домашен терен во оваа 2022 година и можност со триумф да избиеме на првото место во четвртата група од Ц Лигата на нации.

Во првите две рунди избраниците на селекторот Благоја Милевски во соочувањата со Бугарија и Гибралтар освоија четири бода додека нашиот вечерашен противник со истите противници има максимален учинок.

Ова ќе биде четврти меѓусебен дуел и во претходните три средби имаме два нерешени резултати и една победа и тоа онаа историската со која успеавме да обезбедиме пласман на Европското првенство.

Првите два меча исто така беа во рамките на Ц лигата на нации кои завршија без победник 1:1, а стрелци на головите беа Стефан Ристовски и Езгјан Алиоски додека историскиот погодок во Тбилиси беше дело на Горан Пандев.

Според најавите вечерва во стартната постава се враќаат Дарко Велковски и Дарко Чурлинов кои го пропуштија мечот со Гибралтар и се очекува мечот во Скопје да го почнат:

Димитриевски – Тодоровски, Велковски, Муслиу, Алиоски – Чурлинов, Спировски, Барди, Елмас – Милан Ристовски и Трајковски.

Натпреварот ќе се игра на арената Тодор Проески почнува во 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски