Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарите Медитеранските игри ги отвораат против Грција

/

пред 1579 дена

Сподели преку :

Познат е распоредот на натпреварите кои македонската машка ракометна репрезентација ќе ги одигра на Медитеранските игри што ќе се одржат во Алжир.

На стартот на 28 овој месец ќе се соочиме со Грција, а почетокот на натпреварот е закажан за 20 часот. Следниот ден во терминот од 18 часот противник ни е домаќинот Алжир.

На 30 јуни ќе се соочиме со директниот конкурент за првата позиција во групата, селекцијата на Шпанија, додека во последното коло играме против Турција.

Пласман во полуфиналето обезбедуваат двете првопласирани селекции од двете групи, а во втората конкуренција ќе настапат репрезентациите на Словенија, Тунис, Србија, Италија и Египет.

ФОТО: Игор Паневски