Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Романија одигра за Македонија: Одбојкарите се пласираа на Ф4 во Сребрената лига

/

пред 1574 дена

Сподели преку :

Македонската одбојкарска се пласираше на завршниот турнир во Европската сребрена лига, откако денеска Романија ни направи голема услуга и ја совлада Албанија со максимални 3-0 во последното коло о групната фаза.

Нашите одбојкари својата работа ја завршија вчера кога славеа со 3-0 на гостувањето кај Босна и Херцеговина, па денеска им требаше пораз на Албанија од Романија и да не освои повеќе од еден сет. Романците со максимални 3-0 ја збришаа Албанија и ја пласираа Македонија на завршниот турнир, што ќе се одржи идниот викенд во Унгарија.

На конечната табела во групата Б, Романија финишира како прва со 14 бодови, додека Македонија и Албанија финишираа со ист број бодови, 10, но нашите одбојкари одат понатаму, односно го освојуваат второто место. Нашиот западен сосед има подобар меѓусебен скор со две победи, сепак во одбојката кога две екипи имаат ист број бодови се гледаат освоените и загубените сетови. Тука македонските одбојкари се подобри со 13 освоени и 10 загубени сета, додека Албанците имаат 12-11.
Освен Македонија и Романија, на завршниот турни ќе учествуваат и домаќинот Унгарија и селекцијата на Финска. Победникот во ова натпреварување следната година ќе учествува во Златната лига и плус ќе заработи награда од 50.000 евра.