Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градот Скопје нема капацитет да ги грее скопјани

/

пред 1587 дена

Сподели преку :

Градот Скопје нема капацитет да ги грее скопјани. Иако министерот Бектеши тврди дека градоначалничката Арсовска за време на кризна состојба изразила желба да ја врши оваа дејност сега вели дека Градот нема финансии  да го прави тоа и дека централната власт треба да го преземе.

Вчера од регуалторната комисија,  соопшти дека е отпочната постапка за одземање на трите лиценци на БЕГ и дека се надеваат дека процесот ќе заврши  пред почетокот на новата грејна сезона. Откако ќе и бидат одземени лиценците во игра се следните варијанти, работата на БЕГ да оди во рацете на градот или да го преземе ЕСМ  како што се случи за време на кризната сосотјба.

Но, ако ниту една од овие можности не се реализира, министерот Бектеши посочи дека државата ќе мора преку тендер да бара фирма која ќе има можност да ја извршува функцијата. Инаку за  годинава БЕГ пријавиле значително повисоки трошоци во споредна со лани. Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства.