Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возачите од ЈСП се откажаа од протест – договорија покачување на платите за 2.800 денари

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

Возачите од ЈСП Скопје го откажаа протестот кој што го најавија минатата недела поради ниските плати и тешките услови за работа, откако е постигнат договор за зголемување на платите.

Трите синдикати и кабинетот на в.д. директорот Александар Стојковски информираа дека е постигнат договор за зголемување на платите за 2.800 денари од јунската плата која се исплаќа во јули.

„Од наредната плата секој вработен во претпријатието независно на работната позиција и статус на вработување ќе добие покачување за 2.800 денари. Со оваа одлука нема да бидат опфатени вработените кои добија покачување со Законот за минамална плата“, пишува во известувањето од директорот Стојковски.

Стојковски вели дека и покрај тешката состојба во која се наоѓа претпријатието, заедно со Град Скопје работат на подобрување на условите за сите вработени.