Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Двајца Македонци во осминафирналето на ИТФ турнирот во Скопје

/

пред 1572 дена

Сподели преку :

Скопје е домаќин на вториот ИТФ турнир на кој настапуваат тенисери од повеќе земји од светот, а меѓу шеснаесетте најдобри има и двајца македонски натпреварувачи.

За влез во четвртфиналето утре Берк Бугариќ ќе се соочи со првиот фаворит Орландо Луз од Бразил додека Обрад Марковски за противник го има петтиот носител Моез Ехрагуи.

Двата меча според распоредот се втори на петтиот и осмиот терен во ТК Југ во Градски парк, а програмата почнува во 10 часот.

За 15 часот закажан е почетокот на дуелот во игра на двојки во кој Калин Ивановски и Стефан Мицов ќе се сретнат со Метју Ромиос и Брендон Волкин од Австралија.

Одлична можност љубителите на тенисот да дојдат да ги бодрат нашите натпреварувачи, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

ФОТО: Игор Паневски