Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На грчкиот остров Миконос 37 отсто од тестираните се позитивни

/

пред 1571 дена

Сподели преку :

На грчките острови Миконос и Санторини 36,98 отсто, односно 25,32 проценти од направените тестови за Ковид-19 се позитивни во изминатата седмица, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), за стапката на позитивност во периодот од 6 до 12 јуни 2022 година.

За разлика од една седмица претходно, на Миконос има зголемување за 14 отсто на позитивните случаи (од 22,91 процент на 36,98 отсто), а на Санторини за два отсто.

Според стапката на позитивност, следи западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со 16,33 отсто, островот Карпатос со 16,14 проценти, како и островот Милос со 15,7 проценти.

Со над десет проценти се и островите Парос, Андрос, Закинтос и Родос, како и центарот на Атина.

Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 6,18 проценти, од вкупно 556.948 лабораториски тестови (ПЦР и рапд), наспроти 4,88 отсто пред една седмица.

Националната организација за јавно здравје на Грција еднаш седмично, заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво.

Од почетокот на пандемијата во зем јата се потврдени 3.517.898 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 144.221 реинфекции што е 3.9 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.049 лица.