Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мелбурн во Ф1 календарот до 2035 година

/

пред 1570 дена

Сподели преку :

Формула 1 и градот Мелбурн ја продолжија соработката и Големата награда на Австралија во овој град ќе се одржува до2035 година.

“Оваа трка е една од најомилените меѓу гледачите, возачите и тимовите. Мелбурн е град кој перфектно му одговара на овој спорт и затоа сите се радуваме што е продолжен договорот на подолг рок”, изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Големата награда на Австралија во календарот е вклучена уште во 1985 година и во следната деценија таа се одржуваше во Аделаида, а од 1996 со прекин поради пандемијата во 2020 и 2021 се вози низ улиците на Мелбурн.

Од потписот на договорот со Мелбурн, трката во најголем дел се одржува на почетокот од сезоната освен во 2006, 2010 и 2022 кога стартот на првенството беше во Бахреин.