Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антикорупциска комисија: Многу пропусти во законските обврски за спречување на перење пари при преземањето на ФЕНИ

/

пред 1567 дена

Сподели преку :

Антикорупциската комисијата открива многу пропусти во законските обврски за спречување на перење пари при преземањето на ФЕНИ од фондот Џисол и фирмата Еуроникел. Во изјавата за КОД, претседателката на ДКСК Билјана Ивановска вели дека е погрешно државни пари за помош на странски инвеститори да делат луѓе од министерски кабинети поради ризик од политичко влијание.

А Еуроникел добила таква помош за Фени во висина од милион евра иако досега не се подигнати.

Ивановска вели дека законот кој го критикува, е донесен по предлог на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, кој пак во одговор тврди дека антикорупционерите не го истражиле пропаѓањето на ФЕНИ.

За ФЕНИ беа отворени и две истраги за злоупотреба и одлевање на околу 80 милиони евра во странство, а за резултатите на тие истраги повеќе во вечерашниот Код на Телма.