Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна генералниот штрајк во јавниот сектор, столчиња пред Собранието – потсетник за барањата на Синдикатот

/

пред 1579 дена

Сподели преку :

Сто и дваесет столчиња, за секој народен избвраник по едно, поставија синдикалците пред Собранието утрово, на првиот ден од генералниот штрајк на јавниот сектор за да ги потсетат на нивните барања и на поднесениот амандман кој веќе еднаш не го изгласаа.

Во сите јавни инситуции каде синдикатот има свои ограноци и членови штрајкот почна, со обебеден минимум од 10 отсто вработени кои ќе работат за да може да им излезат во пресрет на недоложните и итни работи и барања на граѓаните.

ССМ уште еднаш ги повтори своите  барања,линеарно усогласување на платите и зголемување од 2.806 денари, враќање на К-15 од наредната година и нов Колективен договор.

Вработените во Универзитетската хируршка клиника „Наум Охридски“, како што беше најавено, излегоа пред болницата во 10 часот и штрајкуваа еден час. Линеарнот износ од 2.806 денари во здравствениот сектор би значел од 5 до 14 отсто зголемување на платите на вработените во зависност од работното место и образованието.

Граѓаните, барем оние кои зборуваа пред камерата на Телма, со поддршка на штрајкувачите и нивните барања.

Од ССМ соопштија дека засега не наишле напритисоци и опструкции, освен во една две установи каде што проблемот бил решен, и додадоа дека од нивните ограноци пристигаат информации дека во некои институции веќе се излегува во пресрет на нивните барања и се потпишуваат нови договори.

Од Владата соопштија дека во подготовка е Закон за плати во јавниот скетор со кој сметаат дека системски ќе се реши проблемот.

Таа нагласи дека институциите ќепродолжат да ги даваат услугите кон граѓаните и ќе бидат функционални за време на штрајкот и го повика ССМ да продолжат со социјалниот сдијалог за да се реши проблемот.

Огнен Чанчаревиќ