Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стефанов: Ќе ја оправдам довербата на селекторот

/

пред 1562 дена

Сподели преку :

Рубин Стефанов е најмладиот член на националниот тим кој се подготвува за претстојните два квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство во кошарка.

Стефанов по втор пат е дел од подготовките на репрезентацијата, но со оглед на фактот дека селекторот Драган Бајиќ на располагање има само 14 кошаркари може да се очекува дека тој ќе добие шанса да се најде во составот што ќе им спротивстави на Шпанија и Украина.

“За секој млад играч најголемиот сон е да биде дел од најсилната национална репрезентација на својата земја. Голема чест е што добив и повик, и што имам шанса да тренирам и да учам од најдобрите. Ова е големо искуство, мотив за понатаму. Ќе го дадам максимумот на секој тренинг, се надевам дека ќе ја оправдам довербата на селекторот Бајиќ, му благодарам за укажаната шанса”, изјави Стефанов.

ФОТО: Игор Паневски